Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти лут и покрај „петардата“: Проблемот не е во квалитетот, се крие на друго место

Објавено

на

Карло Анчелоти не беше комплетно задоволен и покрај тоа што неговиот Реал Мадрид постигна пет гола на првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ по пауза од 18 месеци, пред се поради фактот што неговиот тим прими два гола и имаше негатива на полувремето.

Селта Виго водеше со 1:2 како гостин во шпанската престолнина, но Реал имаше извонредна реакција во вториот дел, која сепак не направи Дон Карло да биде комплетно задоволен од целосното издание на тимот.

– Мора да се подобриме во одбрана и да не дозволуваме такви ситуации. Ни се искомплицира натпреварот уште од почетокот, не смееме да подаруваме такви топки во одбрана за противникот. Мора да имаме подобар баланс во одбраната и да има поголема жртва од играчите кои играат и во нападот.

– Зборувам за тоа што не го направивме добро и сакам да го истакнам. Проблемот не е во квалитетот, проблемот се крие на друго место и во пожртвуваноста. Тоа ни недостасуваше во еден дел од мечот, – изјави Анчелоти, кој пак е презадоволен од играта во напад.

– Тимот покажува извонредни офанзивни квалитети со Бензема, Модриќ, Азар, Винисиус и останатите. Потенцијалот во нападот е извонреден, но во одбрана мора многу да работиме, иако овојпат бевме без Алаба и Менди, – заклучи Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни