Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти конечно најави враќање на играчот на кој не може да смета повеќе од една година

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

За разлика од Тибо Куртоа и Едер Милитао, рехабилитацискиот процес на Давид Алаба се покажа како далеку посложен во обидот да се врати на теренот, па на австрискиот репрезентативец потребно му беше повеќе од една година за да почне да тренира со полн интензитет.

Централниот дефанзивец го скина предниот вкрстен лигамент на крајот на 2023-та година, а 12 месеци подоцна, Карло Анчелоти конечно беше попрецизен и најави кога ќе може да смета на Австриецот.

Тоа нема да биде на стартот на новата 2025-та година и дербито со Валенсија на „Месталја“, но Италијанецот се надева дека Алаба веќе ќе биде во комбинација за настап од 20-ти јануари.

– Во Реал не се менува ништо со влезот во новата година. Одиме исто како во 2024-та година, мора да победуваме на сите натпревари. После негативниот период кој го имавме во ноември, тимот одговори навистина позитивно и сега изгледаме многу подобро. Добра вест е што се враќаат и неколку повредени играчи, а еден од нив е Алаба.

– Тој повторно тренира со нас после долго време, а тоа прави да имаме и поголема ротација во одбраната. Тоа се позициите на кои имаме најголеми проблеми, а со Алаба ќе добиеме многу. Планот е да почне да биде дел од натпреварите на тренинзите следната недела, а се надеваме дека ќе се врати на теренот околу 20-ти јануари. Тој ќе ни биде од голема помош во вториот дел од сезоната, – посочи Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни