Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ќе воведе невидено правило во Реал: Играчите ќе добиваат индивидуален одмор!

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Фудбалските работници веќе неколку сезони се бунат за згуснатиот распоред со кој се соочуваат во националните првенства и во натпреварувањата кои ги организираат ФИФА и УЕФА, но новата сезона ќе биде уште подолга и побрутална за играчите ширум светот.

Зголемениот формат на Лигата на шампионите и на Светското клупско првенство носат нови главоболки за фудбалските стручњаци, а еден од најгласните во протестните ноти е Карло Анчелоти.

Италијанецот како еден од најискусните во фудбалот не можеше да замисли ваков развој на најважната споредна работа во светот, па поради тоа ќе активира и досега невидени методи за да им даде пауза на своите најдобри фудбалери.

– Ни најавија дека следната сезона може да почне порано поради мундијалот, но ние со мислите сме во оваа сезона. Играчите добија плус натпревари и повторно им е скратен одморот. На играчите им е потребен одмор и затоа планирам да воведам индивидуален одмор за моите играчи во текот на сезоната. Еден играч може да добие слободна недела за да одмора со своето семејство, ова пред се важи за репрезентативците кои имаат најмалку одмор.

– Репрезентативците речиси да немаат ден одмор во сезоната и заедно со мојот стручен тим и медицинскиот тим правиме планови за нивен одмор. Како би се извело тоа? Ќе ви дадам еден пример: Ако Винисиус оди да одигра два меча со Бразил, нема да мора одма да се врати кај нас. Ќе добие дополнителени четири или пет дена за одмор. Не само што нема да треба да се појави на наредниот наш меч, туку нема да биде ниту во подготовките за истиот. Тоа е единствениот начин да им дадеме одмор на играчите, – откри Анчелоти.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни