Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ќе испише нова историја во Реал Мадрид доколку вечерва слави победа во финалето (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти вчера го доби признанието за најдобар тренер во светот од страна на ФИФА, а веќе денеска е во потера да стане најуспешен тренер во историјата на Реал Мадрид.

„Кралевите“ вечерва со почеток од 18:00 часот го играат финалето на Интерконтинеталниот Куп против Пачука, па бидејќи влегуваат како апсолутни фаворити во дуелот со Мексиканците, шпанските медиуми веќе прават најава за рекордот кој треба да стане реалност.

Со освоената титула на „Вембли“ во Лигата на шампиони, Анчелоти се израмни со легенарниот Мигел Муњоз по бројот на освоени титули како предводник на Реал (14), но вечерва има шанса да избие сам на првото место на вечната листа.

– Во овој клуб, најважна работа е да освојувате титули и секако дека е важен секој успех на тимот. Досегашните постигнувања укажуваат дека сум завршил добра работа, а и јас самиот сметам дека е така.

– Но, не планирам да застанам тука, сакам да продолжам напред и да запишам нови трофеи. Голема е честа да бидам споредувам со Мигел Муњоз и со други големи тренери кои имаат среќа да ги водат најважните клубови во светот, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни