Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Ќе доставиме жалба за црвениот картон на Винисиус, инцидентот го иницираше Димитриевски

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти уште еднаш можеше да гледа како неговиот Реал Мадрид прави голем пресврт во самата завршница од еден натпревар, овојпат и со 10 играчи во поле на гостувањето во Валенсија.

„Кралевите“ пронајдоа сили да ги нокаутираат домаќините со десет фудбалери на теренот, но драматичната победа од 1:2 не донесе целосно задоволство за Карло Анчелоти, бидејќи постои шанса Винисиус Жуниор да паузира од два до четири натпревари.

Бразилецот го удри Столе Димитриевски во пределот на вратот откако претходно беше поттурнат од Македонецот, а откако се вклучи ВАР, ѕвездата на Реал Мадрид доби директен црвен картон на десет минути пред крајот.

Оваа ситуација беше доста коментирана по крајот на дербито, па во дебатата се вклучи и Карло Анчелоти кој откри дека Реал Мадрид како клуб ќе достави жалба за исклучување на Вини.

– Сметаме дека тоа не беше за црвен картон. Јас сметам дека судијата требаше да додели два жолти картони. Најпрво имаше допир од Димитриевски, а потоа туркање од Винисиус, инцидентот беше инициран од противничкиот голман. Сметам дека со два жолти картони ќе се средеше цела ситуација. Не сакам да кажам дека Вини падна во замката на Димитриевски, сметаме дека е неправедно исклучен.

– Што се однесува до натпреварот, мислам дека заслужено победивме. Тимот одговори позитивно по исклучувањето и уште еднаш покажа карактер. Тешко е да се објасни колку бевме лоши во првото, а колку добри во второто полувреме. Не смееме да покажуваме две различни лица во иднина, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни