Анчелоти ќе добие отказ од Наполи и веднаш ќе седне на клупата на клуб од Премиер лигата?

anceloti

Големи се шансите Карло Анчелоти да добие отказ од Наполи по вечерашниот натпревар против Генк во рамките од Лигата на шампионите.

„Скај Италија“ пренесе дека Анчелоти ќе биде наследен од легендарниот поранешен фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо. Популарниот Рино ќе го води тимот од Неапол, а Анчелоти нема да има време да очајува за отказот затоа што веднаш би можел да се врати во Англија.

Имено, како што пренесува „Скај Спортс“ од таборот на Евертон одблиску ја следат ситуацијата на Анчелоти во Наполи и доколку тој добие отказ, веднаш ќе стапат во преговори со неговиот агент за тој да се врати на Островот.

Facebook Коментари