Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти јавно го избрка од тимот најголемиот паразит на Реал: Само ќе му кажам дека…

Објавено

на

Како и сите клубови, и Реал Мадрид има проблеми со играчи кои се вишок, но не сакаат да си заминат бидејќи имаат цврст договор. Сега Карло Анчелоти реши да стапне на сцената и јавно му кажа на играчот на кој место не му е помеѓу „кралевите“.

Долги години тоа беше Герет Бејл, потоа Маријано Дијаз. Кога се ослободија од нив во Реал, нов случај на т.н фудбалски паразит кој не сака само така да го напушти тимот.

Иако во Реал има неколку играчи на кои Карло Анчелоти не смета сериозно, како Дани Себаљос или Хесус Валехо, Италијанецот покажа максимална почит кон нив.

Тоа не е случај со Реиниер, кому трофејниот стручњак на прес-конференцијата пред натпреварот со Лас Палмас јавно му порача дека може да оди да си ја побара среќата во друг клуб.

„Можам само да му кажам да најде клуб каде што ќе има можност да ги покаже своите квалитети. Ништо повеќе“, педантно изјави искусниот тренер.

Сепак, проблем за Реал Мадрид е што до крајот на преодниот рок во најсилните лиги остануваат уште нешто повеќе од 24 часа, а под знак прашалник е и заминувањето на играчот од средниот ред.

Така кралскиот клуб ќе се најде во ситуација да има играч на платен список во текот на целата сезона на кој Анчелоти не смета, а тоа секако не го сака Флорентино Перез.

Реал Мадрид го доведе Реиниер пред четири години за цели 30 милиони евра, но не покажа статус на засилување како неговите сонародници Родриго и Винисиус

Во меѓувреме Реал го испрати на бројни позајмици. Во последната сезона настапуваше за Фросиноне каде забележа 22 настапи. Интересно, тој никогаш до сега не играл за првиот тим на кралевите.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни