Поврзете се со нас

Свет

Анчелоти ја воочи главната разлика меѓу модерниот фудбал и оној пред 10 години

Објавено

на

Карло Анчелоти се уште вели дека се чувствува како да е на „меден месец“ на стартот на својата втора етапа во Реал Мадрид, расположение кое планира да го одржи уште извесно време со серија добри резултати како на последните неколку натпревари.

Реал е лидер во Примера и оствари прва победа во воведното коло во Лигата на шампионите, старт кој малкумина веруваа дека ќе биде возможен по скромната сезона без освоен трофеј пред само неколку месеци.

Анчелоти позитивно влијаеше врз фудбалерите на Реал Мадрид и дел од нив ги познава од својата прва етапа во „кралскиот клуб“, па иако одредени медиуми пренесуваа дека неговите методи се застарени за модерниот фудбал, Дон Карло тврди дека тој се адаптира на новите времиња и новата реалност во фудбалот.

Искусниот Италијанец редеше големи успеси во фудбалска Европа и пред 10 и пред 20 години, но сега самиот воочи дека постои една голема разлика кај најквалитетните фудбалери кога се прави споредба со актуелниот модерен фудбал.

– На тактички и технички план не се промени ништо во фудбалот. Модерниот фудбал носи една главна разлика, а тоа е физичката подготвеност на фудбалерите и високиот интензитет. Нема промени на тактички план, актуелните најдобри фудбалери се многу физички подобро подготвени од оние пред десет години. Најголем дел од тимовите сега прават пресинг на противничката половина, сакаат брзо да ја одземат топката, да играат вертикално и да прават контри. Интензитетот доаѓа до израз и без топка и тоа прави колективот да биде пред индивидуалците, – заклучува Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни