Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ја реши судбината на двајца фудбалери кои не се изнаиграа: Тие не мрдаат во јануари

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти применува речиси иста тактика со Ендрик како што го правеше тоа со Арда Ѓулер минатата година, односно на Бразилецот му дава само по неколку минути во самите завршници од натпреварите.

Талентираниот Бразилец не добива голема шанса за докажување и се појавија шпекулации дека може да си бара нова средина за заем уште во јануари, опција која подолго време се споменува и за Арда кој е мета на повеќе европски клубови.

Двајцата не се стандардни во стартниот тим на Анчелоти и мора да се задоволат со статус кој е тежок за прифаќање, но Дон Карло уверува дека нема да има некоја неочекувана одлука за нив во првиот месец од новата година.

– Ендрик ќе остсане тука, исто какошто ќе остане и Ѓулер. Тие не мрдаат од Реал и нема план за нивно ослободување. Можеби им требаат повеќе минути, но јас немам предрасуди кон никого. Се обидувам да ги ставам најдобрите на секој натпревар, без разлика дали имаат 18, или 40 години.

– Треба да бидат трпеливи, тие се млади и внесуваат голем ентузијазам со својата појава. Сепак, имаат доста работи за учење, но не сакам да важам за тренер кој не им дава шанса на младите. Во мојата кариера сум им давал шанса на 17 и 18-годишни, особено ако сметам дека тие се подготвени за големи натпревари, – вели Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни