Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ја посочи слабата точка на Барселона под водство на Чави еден ден по победата на „Ел Класико“

Објавено

на

Еден ден по победата на „Ел Класико“ натпреварот кој беше крајно возбудливо во Ријад, Карло Анчелоти направи целосна анализа на полуфиналето во интервјуто за клупската телевизија, во кое покрај тоа што најави дека мирно се подготвува за финалето, проговори и за вистинскиот пристап на неговите фудбалери и погодената тактика против каталонскиот великан.

Чави Ернандес го заврши мечот со мисла дека Барселона заслужила победа против Реал Мадрид и со овој заклучок не се согласи искусниот Дон Карло, кој сега реши да отиде и еден чекор повеќе, односно да ја посочи слабата точка на актуелната Барса која загуби уште еден важен натпревар против силен ривал.

– Добро го предвидов натпреварот и се случија многу од работите кои ги анализирав. Вистина е дека имавме потешкотии, што е и нормално против силен и талентиран тим како што е Барселона.

– Во вакви изедначени натпревари, важно е да ја најдете слабата точка на противникот, користејќи ја вистинската стратегија за да нанесете штета.

– Слабоста на Барселона е недостатокот на рамнотежа на теренот. Барселона е тим кој игра со многу играчи во нападот и често знае да нема рамнотежа на теренот, да нема баланс. Тоа го искористивме со брзината на Винисиус и Асенсио и со способноста на нашите играчи од средниот ред да направат разлика со кратки и брзи додавања. Се поставивме многу добро. Целта беше добро да се браниме, да излезме сигурно со топката од нашата половина и да уживаме кога ќе добиеме шанса за контра. Тоа го направивме извонредно и извлековме корист, – потенцира Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни