Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ја објасни својата фудбалска методологија која му донесе голем успех во кариерата

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти бил дел од фудбалска конференција во Мексико и при обраќањето се обидел да ја образложи својата фудбалска методологија, а воедно говорел и за способноста да менаџира со големи фудбалски ѕвезди со какви сега секојдневно соработува во Реал Мадрид.

Дон Карло е еден од најуспешните тренери во историјата и важи за име кое е надалеку ценето ширум светот, но се чини дека негов најголем квалитет е способноста да раководи и да менаџира со имиња кои многумина не би можеле да ги сместат во иста група.

Пријателскиот однос со своите фудбалери го прави Карло извонреден педагог и пример за речиси сите играчи со кои соработувал во кариерата, па во обраќањето во Мексико говорел за човечката страна на приказната која многумина знаат да ја изостават во професионалниот фудбал.

– Потешкотиите како тренер ги имате секој ден. Секој ден се соочувам со тешки моменти, со многу работа и со голема одговорност. Јас бирам кога тренираме, јас бирам кој игра во стартниот тим, но на крајот се се сведува на односот меѓу две личности. За мене најважен е човечкиот аспект.

– Понекогаш ги прашувам играчите „Кој си ти“?, а тие ми возвраќаат „јас сум фудбалер“! Јас им велам дека грешат, тие се личности кои играат фудбал. Се трудам да имам врска на личен план со фудбалерите, не само на професионален. Сметам дека така може да се подобрат перформансите кај еден поединец. Не е лесно да го менаџирате тоа, секој играч сака да игра. Во принцип, 11 играчи играат, а други 15 гледаат и тоа е најкомплексната работа за еден тренер. Ако успеете да изградите добри лични односи, тоа ќе ви помогне во дадени ситуации, – објаснува Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни