Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти ја најави стратегијата на утрешниот меч и порача: Реваншот ќе биде полесен за Ливерпул

Објавено

на

Реал Мадрид со фантастичен пресврт дојде до неверојатен резултат на првата средба во пресметката со Ливерпул, па таа голема предност (5-2) сега треба да ја потврди во својот дом на „Сантијаго Бернабеу“.

Позитивата од три гола е супер значаен адут за „кралевите“, меѓутоа фудбалот е спорт во кој сме виделе секакви ситуации, чуда и затоа шпанскиот преставник ќе мора да даде се од себе за да ја заврши работата. Тренерот Карло Анчелоти е многу искусен, се има соочено со вакви ситуации во кариерата, па според него утрешниот меч е многу полесен за Ливерпул од проста причина што нема што да изгуби.

-Натпреварот утре ќе биде потежок за нас отколку за Ливерпул. Тие ќе нападнат од првата минута затоа што нема што да изгубат. Резултатот нè обврзува, но ќе биде потешко за нас. Имаме повеќе сомнежи од англичаните. Потребно ни е искуство и енергија, -рече Италијанецот кој откри дека не планира да игра дефанзивецот фудбал и да ја брани позитивата од три гола.

-Не зборувавме многу за добриот резултат на првиот натпревар.Ние нема да играме затворен или отворен фудбал, ќе се обидеме да нападнеме. Играчите ова го разбираат. Мислам дека ќе биде отворен натпревар. Треба да направиме добро две работи – да се одбраниме и да нападнеме. Ќе размилуваме повеќе за нападот, -порача дон Карло.

Средбата е закажана за утре од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни