Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти ја цитираше незаборавната фраза на Ди Стефано во најавата за големото финале во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти беше дел од медија-денот кој вчера го имаа претставниците на Реал Мадрид, а голем дел од новинарите ги одложија собраните материјали и ги објавија рано утрово.

Шпанските медиуми успеаја да интервјуираат голем дел од играчите на Реал и веќе се направија првични најави за големото финале на „Вембли“, но свој збор добил и Карло Анчелоти како предводник на оваа импресивна генерација на фудбалери.

Италијанскиот стручњак се навикна да биде дел од големите финалиња и тој треба да биде човекот кој влева мир кај своите фудбалери, а според него, најважното мото кое го води Реал до победа на најважните натпревари е онаа кое датира од далечното минато.

Анчелоти во најавата за финалето употреби една незаборавна фраза на неповторливиот Алфредо Ди Стефано, преку која се обиде да долови што е најважно кога играте за титула.

– Ниту еден играч не е толку добар како сите заедно! Сплотеноста е односот на теренот ја прават главната разлика. Оваа сезона имавме многу проблеми.

– На сите во глава ни беа повредите на важни играчи, но и покрај се, покажавме фантастичен однос и се изборивме за фантастична сезона. Фразата на Ди Стефано е најдобра дефиниција за нашата сезона, – вели Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни