Шпанија
Анчелоти извади дефанзивец на Реал уште на полувреме: Го направив тоа поради навредите кои ги доби

Првата полуфинална пресметка меѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид мина во знакот на гостите од шпанската престолнина, но во натпревар кој не беше претерано возбудлив и интересен, мора да се напомене дека имаше и мал прекин пред крајот на првиот дел.
Главниот судија Санчез Мартинез го активираше протоколот за прекин на натпреварот откако доби инструкции од капитените дека се слушаат навистина недолични песни од трибините, а истите му беа посветени на младиот стопер на Реал, Раул Асенсио.
Поради наводната инволвираност во случај со детска порнографија, младиот дефанзивец на Реал често знае да се најде на удар кај противничките фанови, но вчера навивачите на Реал Сосиедад изреагираа навистина бурно и на цел глас се слушаше песната „умри Асенсио“.
Ова го натера главниот арбитар да го прекине мечот на неколку минути, па иако според протоколот можеше и да ги испрати играчите во соблекувалната, на крајот не дојде до такво нешто.
Веднаш после ова, Карло Анчелоти реагираше и го извади Асенсио уште на полувреме, а една од причините за таквиот потег биле токму провокациите од трибините.
– Мислам дека се постапи добро во ситуацијата со Асенсио. Винисиус го извести судијата за случувањата, а арбитарот го направи тоа што требаше да го направи. Асенсио беше повреден и оваа ситуација имаше влијание врз него. Го извадив од игра поради тоа, но и поради фактот што имаше жолт картон. Ниту еден човек во светот не сака да слуша како противничките навивачи му велат да умре, – изјави Анчелоти.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)