Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти излезе со свој тип за „Златната топка“: Мислам дека ќе заврши на вистинско место

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти денеска направи најава за големото Дерби-мадрилењо во шпанската Ла Лига, но за време на обраќањето кое го имаше пред новинарите, даде и свој тип за тоа што ќе се случува следниот месец.

Италијанскиот стручњак максимално го респектира Атлетико Мадрид и најавува дека „душекџиите“ ќе се борат за титулата до крајот на сезоната, а не треба да се заборави дека токму тимот на Симеоне е последниот кој го победи Реал во шпанската елита пред точно една година.

– Секогаш е специјално да се игра против Атлетико. Тие се подобруваат од година во година, добија многу добри играчи ова лето и мислам дкеа ќе се борат за титулата со нас и Барселона до самиот крај. Секој натпревар има своја историја, тешко е да се каже што ќе се случи утре. Ние имаме свој план за победа и се надеваме дека ќе ни успее, – изјави Анчелоти.

На официјалниот прес, Карло говореше и за „Златната топка“ чиј добитник ќе биде познат на крајот на месец октомври, а неговиот тим е дека престижната награда ќе замине во рацете на Винисиус Жуниор.

– Мислам дека „Златната топка“ ќе ја добие Винисиус, нависитна мислам дека ќе заврши на витинското место. Но, ако не биде така, тоа нема да промени ништо. Ќе продолжиме напред, ние како тим и тој како индивидуалец. Според мене, тој најмногу ја заслужува „Златната топка“, – порача Дон Карло.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни