Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти издвои една работа која е клучна за успесите на Реал: Тоа мора да го имаш

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид веќе освои два трофеи во актуелнава сезона и тоа во Ла Лига и Супер Купот, но круната може да дојде во сабота ако биде остварен успех во Лигата на шампионите.

Шпанскиот тим е фаворит во финалето со Борусија Дортмунд, меѓутоа тоа ќе мора да го потврди на теренот на „Вембли“. Искуството дефинитивно е на страната на Реал, особено на клупата каде Реал го има Карло Анчелоти кој многупати низ кариерата бил во ваква ситуација за разлика од колегата на спротивната страна, Един Терзиќ.

Италијанецот едноставно знае да го извади најдоброто од своите тимови вклучувајќи го и Реал, но за се за да оди според планираното, една работа е многу важна.

-Оваа сезона ја освоивме Ла Лига и стигнавме до финалето на Лигата на шампионите бидејќи нема его во тимот. Вини, без его. Белингем, без его. Родриго, без его. Така е и со ветераните во соблекувалната. Модриќ, Крос, Карвахал, Начо. Не знам што ќе биде во иднина, но засега нема љубомора кај играчите, туку има понизност. Таа е важна. Мора да го имаш, -порача Карло.

Финалето в сабота е закажано за 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни