Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти издвои еден играч на Реал: Тој е подарок за фудбалот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид го победи Наполи со 4-2 и го задржа 100 процентниот учинок во Лигата на шампионите, поточно сега има „пет од пет“ во групата Ц во која се уште Брага и бундеслигашот Унион Берлин.

„Кралевите“ со настапот против калчолигашот уште еднаш потврдија дека се во добра форма, но и дека можат да се снајдат, победуваат и покрај тоа што доста играчи се недостапни поради повреди како Куртоа, Милитао, Чуамени, Винисиус Жуниор, Камавинга, Модриќ, Аризабалага и талентираниот Ѓулер.

Секој го дава максимумот, се вклопува во формацијата и во она што го бара тренерот Карло Анчелоти кој сепак издвои еден фудбалер за тоа што го прави во текот на оваа кампања-тоа е Џуд Белингем кој против наполитанците даде гол и запиша асистенција.

-Секој ден изненадува. Тој го изненадува целиот свет. Тој е подарок за фудбалот. Ние сме воодушевени од него. Тој е многу сериозен млад човек. Многу добро се адаптираше. Има добар однос со другите, но треба да го подобри својот шпански. Никој не е совршен, -порача дон Карло кој го пофали младиот Нико Паз кој влезе и даде погодок.

-Му помогна на тимот. Ова е посебна ноќ за него. Тој е играч за иднината на Реал Мадрид. Тој ги има сите квалитети потребни за да игра овде, -порача Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни