Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти испофалил еден играч на Реал: Тој е најдобар во светот во еден сегмент

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти ќе се обиде да му донесе уште еден трофеј на Реал Мадрид, на дуелот во кој неговата екипа утре се соочува со Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп.

Реал одигра натпревар со многу голови против градскиот ривал Атлетико во полуфиналето, па сега на програмата е ново „Ел Класико“ кое ќе се игра на неутрален терен во Ријад.

Анчелоти признава дека има проблем да избере меѓу Кепа и Лунин во однос на голманската позиција, а посебно го истакнал настапот на Ферлан Менди против Атлетико.

– Тој е најдобар лев бек во светот во однос на дефанзивната игра. Се уште може да напредува во однос на офанзивниот дел, па и почесто да му создава проблеми на противникот како што беше против Атлетико, – рекол Анчелоти.

Италијанскиот стручњак не е загрижен за Тони Крос, кој беше исвиркуван од домашните фанови, а потоа јавно им заблагодари за таквиот прием.

– Свирежите не му влијаеја и тоа ќе биде така и утре. Крос е многу искусен и подготвен за вакви работи, па е максимално мотивиран за финалето, – истакнал тренерот на Реал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни