Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти искрен за работата во Реал: Страдањето е многу позастапено од радоста и среќата

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти ужива во работата во Реал Мадрид и поради тоа потпиша нов договор со „кралскиот клуб“, но и покрај задоволството кое преовладува во овој момент, Италијанецот вели дека страдањето е многу позастапено од среќата.

Искусниот Италијанец мина тежок пат пред да добие шанса да го води најтрофејниот клуб во Европа, па откако првата етапа ја заврши со освоен трофеј во Лигата на шампионите, втората е уште поуспешна и ќе трае подолго од воведната.

Реал утре ќе го игра реваншот против Лајпциг на домашен терен и очекувањата се да ја оправда фаворитската улога со пласман во четвртфиналето, а во најавата за овој меч, Анчелоти им долови какво е секојдневното чувство да се работи во најголемиот клуб во светот.

– Овој говор може да биде многу долг, но ќе се обидам да бидам што пократок. Реал Мадрид е најдобриот клуб за да ја извршувате тренерската работа. Сепак, ќе кажам дека страдањето е поголемо од срерќата.

– Го велам ова бидејќи треба да се соочите и да менаџирате со многу ситуации. Постојан се бараат резултати, дури и кога победувате има луѓе кои не се среќни. Ме прашувате за играчи кои не добиваат шанса и сето тоа влијае врз радоста и среќата кај еден тренер. Кога победуваме, сите се радуваме заедно, но кога е лошо, најчесто страда тренерот. Среќата се споделува со други, но страдањето не. И покрај се, јас сум презадоволен, работам во најголемиот клуб во светот, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни