Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти исклучи една опција: Тој е фантастичен, но не може да го замени Крос

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Тони Крос вчера го одигра последниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ и полека се подготвува за „последниот танц“ во дресот на Реал Мадрид, а тоа ќе биде големото финале во Лигата на шампионите.

Германскиот великан вчера доживеа безброј емоции на преполниот „Бернабеу“ и на крајот пушти солзи кога ги виде своите расплакани деца, но спред многумина, прошталниот чин во чест на Тони е еден од најдобрите кои ги организирал Реал Мадрид во својата историја.

Реал во блиско минато беше познат како клуб кој не знае баш најдобро да се збогува со своите ѕвезди, но со Крос се случи сосема спротивното и Германецот доживеа незаборавни моменти на теренот.

Дел од истите беа сите негови соиграчи и тренерот Карло Анчелоти, кој по ремито со Бетис говореше и за тема која ќе биде многу актуелна по крајот на оваа сезона.

– „Бернабеу“ му овозможи на Крос испраќање какво што заслужува. Доживеавме многу емотивна ноќ, имавме среќа да уживаме уште еден викенд со него. Тој е еден од најголемите, неверојатен играч за врска, со безброј квалитети и фантастичен карактер. Имаше мало его и секогаш играше за тимот. Тој беше голем алтруист и имавме среќа што беше од нашиот тим цели 10 години.

– Многу ми е мило што доби вакво испраќање, навистина го заслужи тоа. Ние уживавме во неговите игри, но и сите кои го сакаат фудбалот уживаа со него, – изјави Анчелоти, кој интересно посочи дека Џуд Белингам не може да го замени Крос на средината на теренот.

– Не, Белингам не може да го замени Крос. Џуд е подобар кога е поблиску до голот, а Крос игра доста поназад. Нема ниту еден играч со карактеристики на Крос на трансфер пазарот. Ќе биде тешко да го замениме, но ќе го направиме тоа на поинаков начин. Имаме други играчи за врска со големи квалитети и ќе мора да се адаптираме на нивните карактеристики, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни