Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти има само еден сигурен стартер во средниот ред за мечот со Сити: Нема да го поставиме тимот за да го сопреме Халанд

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

По толку најави и безброј изјави во изминатиот период, конечно се ближи моментот на вистината, односно првото од двете полуфиналиња кои ќе ги одиграат Реал Мадрид и Манчестер Сити во период од една седмица.

Реал утре ќе биде домаќин на воведниот меч кој се очекува да биде навистина возбудлив на „Сантијаго Бернабеу“, бидејќи на овој стадион пред една година видовме неверојатен пресврт на „кралевите“ во самата завршница, по кој тимот на Карло Анчелоти се пласираше во финалето.

Дон Карло посакува таков исход по крајот на двата натпревари, но истовремено е свесен дека Реал ќе мора напорно да работи како тим за да го сопре налетот на Сити, а не само Ерлинг Халанд како поединец.

– Планот за утре е да имаме комплетен натпревар и да одговориме позитивно на физички, технички и тактички план. Утре е важен меч, но клучен ќе биде реваншот. Целта е утре да оствариме предност и да имаме добар резултат. Дури и мала предност ќе биде добра вест за вториот дуел.

– Добра вест е што Модриќ ќе игра утре, нема никакви проблеми. Кој ќе играат со него во средината? Се уште размислувам, Модриќ е сигурен, за останатите ќе видиме. Ние ќе се насочиме на нашиот натпревар, а не да го задржиме Халанд. Ако се насочиме само на него, тоа значи дека не се фокусираме на цел нивни тим. Нема да поставиме меч против Халанд, ќе се обидеме да сопреме тим кој изгледа несопирливо во последно време. Сметам дека имаме шанси и можеме да направиме такво нешто, верувам во победа, – изјави Анчелоти на пресот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни