Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти им се поклони на тројца играчи на Реал: Може само да им се аплаудира!

Објавено

на

Реал Мадрид на најдобар можен начин одговори на двата порази во низа кои ги претрпе пред 15-тина дена, односно во периодот непосредно пред репрезентативната пауза која беше актуелна во изминатите две недели.

Поразите од Шериф и Еспањол беа доволно добра причина за Анчелоти да го вклучи алармот и да направи детална анализа, која изминатава вечер вроди со плод и преудедлива победа на гостувањето во Украина.

Реал Мадрид го победи Шахтјор со 0:5, а иако искусниот Карло го пофали Винисиус Жуниор кој запиша два гола и една асистенција, сепак посебен акцент стави на триото во средниот ред кое играше заедно после подолго време.

– Тешко е да се издвои само еден играч после ваков меч. Сепак, впечатокот кој го остава Винисиус не може да се побие. Многу се подобри со реализацијата, постигнува многу голови и ужива пред противничкиот гол. Го заврши свеж натпреварот и тоа е добра вест пред „Ел Класико“.

– Важно е и враќањето на Крос, тој има чист пас во средниот ред, никогаш не се плаши и прави добар избор. Крос, Касемиро и Модриќ освоија се, но се уште имаат голема амбиција и извонредна посветеност. Може само да им се аплаудира, не може да се направи ништо друго за нив, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни