Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти им постави сериозен предизвик на Чуамени и Ридигер

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти направи ексклузивно интервју за УЕФА и говореше за неверојатните пресврти кои ги направи Реал Мадрид во нокаут фазата во Лигата на шампионите минатата сезона, но говореше и за она што го очекува во новата.

Предизвиците за Реал ќе започнат со Суперкуп финалето во Европа против Ајнтрахт Франкфурт и Анчелоти не крие дека неговите играчи ќе го нападнат новиот трофеј, кој се очекува да биде прв за двете големи засилувања кои пристигнаа во шпанската престолнина.

Антонио Ридигер и Орелијан Чуамени се навистина голем плус за одбраната и средниот ред на Реал, но Анчелоти како тренер им постави сериозен предизвик и побара од нив да се обидат да го повторат она што го направија трите легенди кои си заминаа.

– Добивме двајца фудбалери кои сметам дека се едни од најдобрите на своите позиции. На прво место, тие го подобруваат техничкиот и физичкиот квалитет на нашиот тим.

– Потоа следи адаптацијата на новата средина, но се надевам дека тимот ќе им помогне брзо да се прилагодат. За крај, не треба да се заборави дека не напуштија и тројца играчи кои направија историја во овој клуб. Марсело, Иско и Бејл испишаа историја и мадридистите секогаш ќе им бидат благодарни. Очекуваме новите момци да го повторат тоа што оставија оние кои си заминаа, – порачува Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни