Поврзете се со нас

Свет

Анчелоти им одржа лекција на поранешните работодавци: Заборавија на најважниот елемент во фудбалот!

Објавено

на

Карло Анчелоти во најголем дел од својата каирера водеше фудбалски великани кои испишуваат историја на домашна и европска сцена, а токму добар дел од истите, се покажаа како креатори на таканаречената Супер лига која ја крена на нозе цела фудбалска јавност во Европа, па и пошироко.

Искусниот Италијанец како сегашен менаџер на Евертон не крие дека негова најголема желба е да го однесе тимот во Лигата на шампионите, па како човек со принципи кој ја почитува традицијата на фудбалот, потенцира дека сите 12 потписници направиле голема грешка, бидејќи заборавиле на главната суштина.

– Тоа беше навистина чуден ден за сите, објавувањето на веста за Супер лигата ги шокираше сите фудбалски фанови. Јас го примив како изненадување. Сум слушал за Супер лигата во минатото, но бев сигурен дека никогаш нема да дојде до такво нешто.

– Што можам да кажам, сите тие погрешија, сите 12 клуба потписници направија голема грешка. Не земаа го земаа во предвид мислењето на два важни сегменти од фудбалот. Првиот сме ние тренерите, а вториот навивачите. Луѓето од Супер лигата не поразговараа со нас и не го земаа во предвид нашето мислење.

– Најголемата грешка е што сакаа да направат натпреварување во кое не постои спортска заслуга. Тоа е неприфатливо за фудбалот. Во нашата култура, во нашиот спорт, ние се раѓаме за да заслужиме нешто, спортските заслуги се многу важни. Ако сте добар, играте фудбал и ќе станете професионалец. Ако не сте добар, не станувате професионалец. Ако сте подобар од другиот тим, победувате и играте во најсилното натпреварување. Тоа не го земаа во предвид во Супер лигата и не беа во право. Крај на приказната, – вели Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни