Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти им одговори на Чави и Лапорта: Цел свет знае што правела Барселона во последните 20 години…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид се најде на сериозен удар како институција и клуб поради употребата на ВАР системот на натперварот против Алмерија, но убедливо најтешки пораки и прозивки пристигнаа од најлутиот ривал.

Чави Ернандес и Жоан Лапорта како претставници на Барселона ги оценија случувањата на „Сантијаго Бернабеу“ како срамни, па ако тренерот се обиде да остане барем малку резервиран, првиот човек на каталонскиот гигант даде низа изјави со кои само ги распламна реакциите.

Лапорта посочи дека „ВАР е киднапиран од Мадрид“ и дека „Ла Лига е фалсификувано првенство“ со потези како оние на натпреварот со Алмерија, а ако до денеска немаше реакција од Реал Мадрид, сега Карло Анчелоти не заборави да потсети дека Барселона е таа за која се врши истрага за можна злоупотреба на судиите со системско работење во изминатите две децении.

Италијанецот алудираше на „случајот Негреира“ кој се уште не е целосно расветлен, а во кој се обвинува дека Барселона добивала системска помош од судиите од 2000-та до 2023-та година.

– Не сакам да навлегувам во такви непријатни полемики, но вистина е дека оваа недела се зборуваше многу за нас. Го мислам истото како и претходно, не треба да се преусмерува ударот. Цел свет знае што се случувало во шпанскиот фудбал изминатите 23 години и тоа е главниот проблем. Ла Лига не е фалсификувана, фискалната полиција го истражува главниот проблем во шпанскиот фудбал во последните две децении. Тоа е главниот проблем, не треба да се преусмерува ударот кон нас, – порача Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни