Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти игра со отворени карти: Откри со кој систем ќе настапи на големото финале против Ливерпул

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид ги почести своите фанови со вистински спектакл на претпоследниот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ оваа сезона, бидејќи го испрати Леванте во втората лига со шест парчиња во мрежата.

За разлика од дербито со Атлетико Мадрид, Карло Анчелоти сега им даде шанса на доста свои првотимци кои ќе бидат стартери против Ливерпул, па по убедливата победа од 6:0, италијанскиот стручњак отворено говореше и за формацијата која планира да ја примени во финалето.

Анчелоти нема проблеми да игра со отврени карти пред најважниот меч на сезоната во Европа, но не исклучува и промена на почетниот систем во зависност од тоа како ќе се одвива натпреварот во Париз против Ливерпул.

– Системот во Париз ќе биде 4-3-3. Ќе почнеме со таква формација, но може да се префрлиме и на 4-4-2. Сметам дека нема дефиниран систем до кој постојано се држиме.

– Понекогаш знаеме да го притискаме дефанзивниот играч за врска на пртивникот и од 4-3-3 се прегрупираме во 4-4-1-1. Нашата идеја никогаш не се менува, се менува само начинот на кој се браниме и на кој го притискаме ривалот, – изјави Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни