Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти и Реал веќе имаат план за позајмените Хоселу и Кепа

Објавено

на

Реал Мадрид ги ангажираше Хоселу и Кепа Аризабалага како позајмени играчи во актуелната сезона, а шпанските медиуми тврдат дека Карло Анчелоти и клубот веќе одлучиле какви чекори ќе преземат со напаѓачот, односно голманот.

Хоселу дојде како позајмен играч од Еспањол за само 500.000 евра, додека Реал ќе треба да плати уште 1,5 милиони евра ако сака целосно да го откупи неговиот договор.

Раководството е убедено дека Хоселу е одличен избор како план Б во нападот и без проблеми ќе биде исплатена целосната трансфер сума за откупување на неговиот договор од актуелниот второлигаш од Барселона.

Поинаков е случајот со голманот на Челси, кој според медиумите го загубил дуелот со Андриј Лунин, па според тоа Реал нема да ја искористи опцијата да го задржи и по крајот на оваа сезона.

Тибо Куртоа се рехабилитира од сериозната повреда на лигаментите и би требало да биде подготвен за следната сезона, со што ќе си го врати статусот на голман број еден во Реал, додека Лунин ќе добие предност како втор избор, доколку сака да остане во редовите на „кралскиот клуб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни