Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти и Реал подготвувале изненадувачки трансфер во финишот на преодниот рок

Објавено

на

Реал Мадрид загуби двајца влијателни и квалитетни дефанзивци во последниот преоден рок, а тренерот Карло Анчелоти имал интересна идеја за засилување на оваа линија на својот клуб.

По заминувањето на Серхио Рамос во ПСЖ и Рафаел Варан во Манчестер Јунајтед, Анчелоти сметал дека му е потребен уште еден искусен стопер и лично му се јавил на ветеранот Давид Луиз.

Во ситуација кога беше јасно дека Луиз ќе го напушти Арсенал како слободен агент, идејата на Анчелоти била да го доведе Бразилецот како поддршка за актуелните стопери на Реал.

Италијанскиот стручњак разговарал со Луиз, но бразилскиот фудбалер ја одбил понудата бидејќи бил свесен дека нема да биде во прв план во Реал Мадрид.

На крајот Луиз реши да ја прифати понудата на Фламенго и се врати во својата татковина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни