Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти и Карвахал едногласни: Ги разбираме реакциите на Алмерија…

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид успеа да го потврди статусот на фаворит во пресметката со Алмерија, но многу потешко од очекувањата и тоа со голем пресврт во второто полувреме.

Меѓутоа токму случувањата во вториот дел донесоа големи реакции за одлуките на главниот судија, повиците од ВАР собата со оглед на тоа што се што беше досудено беше против гостинскиот тим.

Прво беше пеналот на домаќините, потоа голот на гостите за 3-1 кој беше поништен, а потоа и погодокот на Винисис Жуниор за кого имаше дилеми дали е постигнат со рака. Сосема очекувано во таборот на Алмерија се бесни, разочарани од тоа што се случи на „Сантијаго Бернабеу“, но кога пак се во прашање домаќините тие сметаат дека сите одлуки биле вистински, поточно правилни.

-Судиските одлуки беа точни денеска. Ги разбирам реакциите од Алмерија, ама се беше регуларно, -истакна тренерот Карло Анчелоти.

-Ако може смирено да ги види сите моменти, сам ќе заклучи дека одлуките беа коректни. ВАР му помага на фудбалот да биде пофер, -рече пак Дани Карвахал како одговор на Мелеро кој порача дека чувствува дека се ограбени.

Дефанзивецот на Алмерија: Некој реши дека не смееме да победиме на „Бернабеу“ (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни