Анчелоти „гори“ за Колумбиецот: Многу сум поврзан со Хамес, тој е играч…

james-trenerka

Наполи во овој преоден рок се обидува да направи што поквалитетна екипа која ќе може да се носи со Јувентус, а една од големите желби е Хамес Родригез.

Колумбиецот е играч кој не е потребен во Реал Мадрид, односно шпанскиот прволигаш го продава и таа ситуација сака да ја искористи калчолигашот. Тренерот на наполитанците, Карло Анчелоти одлично ги познава квалитетите на Родригез и воопшто не крие дека посакува да го види во својата екипа.

-Не знам за договорот со Атлетико. Ние се уште зборуваме за Хамес, играч кој многу ми се допаѓа. Многу сум поврзан со него, многу го ценам и може да го подобри нашиот тим. Не мора пак да се воздигне, тој е одличен играч. Ама не е единствениот играч за кој отворено преговараме. Ние оценуваме многу играчи, -порача стратегот на италијанскиот вицешампион.

Facebook Коментари