Поврзете се со нас

Свет

Анчелоти го спореди Клоп со Саки: Кога притисокот продолжува…

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп пред неколку месеци ја изненади јавноста со веста дека ќе си замине од Ливерпул по крајот на сезоната 2023/2024.

Тој посочи дека е истрошен, нема доволно енергија, сила да ја извршува функцијата како што знае и посакува, па на емотивен начин во месец мај се збогуваше со „Енфилд Роуд“, сите навивачи и поддржувачи.

„Црвените“ веќе продолжуја напред и го доведоа Арне Слот за наследик на Германецот, потег кој е ризичен, но и потег кој може да се исплати ако се биде како што треба.

Големиот Карло Анчелоти имаше можност да даде коментар за тоа што му се случи на Клоп, па стратегот на Реал го спореди овој случај со оној на некогашниот италијански селектор и човек кој во минатот му донесе огромни успеси на Милан-тоа е Ариго Саки.

-Случајот Клоп е значаен. Кога притисокот продолжува и тежината на одговорноста станува преголема, опсесијата преовладува. Истото му се случи и на Ариго Саки, -истакнал дон Карло за „Ил Џорнале“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни