Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Џуд Белингем има фантастична прва сезона во дресот на шпанскиот великан Реал Мадрид за кого на 16 натпревари има дадено 15 погодоци и забележано 4 асистенции.

Англичанецот фантастично се снајде во своите први месеци на „Сантијаго Бернабеу“ и со тоа ги освои срцата на навивачите, а во исто време ја воодушеви и целокупната фудбалска јавност. Тренерот Карло Анчелоти е презадоволен што го има во своите редови, но и тој самиот е изненаден од Џуд и неговата способност да биде автор на толку многу погодоци.

-Не, Никогаш не сме побарале од Белингем да постигнува голови. Тој го прави тоа затоа што ја има оваа фантастична способност да стигне до противничкото поле во вистинско време. Почитта што ја имаме кон него е за работата што ја работи… не за головите.

-Тој е многу почитуван за она што го прави на теренот, што оди многу подалеку од головите. Тој е скромно и трудољубиво момче. Лесно е да се влезе во соблекувалната на Мадрид, -рече Анчелоти кој запрашан за тоа дали младата ѕвезда може да биде споредена со Алфредо Ди Стефано, Зинедин Зидан или Јохан Кројф, неговиот одговор беше следен:

-Никогаш не сум го видел Ди Стефано како игра. На претходната прес-конференција ја направив споредбата со Зидан… и… па, изненаден сум од него, би рекол дека најблиску е како првиот пат кога го видов Кака. Не велам дека е сличен на него, но има сличности со Кака, -рече Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни