Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти го призна поразот: Ако играме вака…

Објавено

на

Реал Мадрид иако прв поведе на крајот остана со празни раце во пресметката со Бетис во шпанската Примера.

Дијаз стрелаше за гостинот, но потоа Кардосо и Иско направи пресврт за славје на составот од „Бенито Вилјамарин“ со 2-1. Ова за „кралевите“ беше четврти сезонски пораз, втор на последните три меча надвор од „Бернабеу“ во шампионатот што секако е проблем за бранителот на титулата.

-Почнавме добро, но не можевме да го одржиме почетниот ритам, во однос на ставот и посветеноста. Излеговме од контрола против екипа која одигра подобро и заслужи да победи. Ова е тежок удар.

-Мора да реагираме. Поразот во овој момент е многу скап поради трката, а ние… Не се снајдовме добро на овој натпревар, -рече тренерот Карло Анчелоти кој очекува реакција на неговиот тим веќе на соочувањето со Атлетико во ЛШ.

-Ако играме вака, тогаш нема да победиме во вторник, сосема е јасно. Се надеваме дека ова ќе ни помогне да се разбудиме. Се чинеше дека во последно време бевме организирани, компактни, но денес не можевме да го направиме тоа, -рече Италијанецот кој даде и коментар за замената на Килијан Мбапе.

-Мбапе не тренираше многу и не беше на своето најдобро ниво. Тоа беше очигледно. Затоа, за да избегнат проблеми, претпочитав да го отстранам и да го ставам Ендрик. Тој тренираше малку и не беше на 100 проценти, -заврши предводникот на Реал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни