Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти го претстави најсрамежливиот играч на Реал за време на прославата на 15. титула: Дете, дојди тука…. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид има набиена агенда по повод прославата на 15-та титула во Лигата на шампионите, достигнување кое одново ги натера навивачите на клубот да го преполнат плоштадот Сибелес.

Традиционално, секоја голема титула на Реал се слави на ова место во шпанската престолнина, а тоа не изостана и вечерва откако тимот претходно го посети градското собрание.

Карло Анчелоти веќе некое време се прикажува како вистински шоумен и денеска повторно презентираше нова слика на која позира со пура, но покрај тоа што пееше и танцуваше, во еден момент му даде посебно внимание на играчот кој имаше тешка сезона.

Арда Ѓулер мораше да надмине две тешки повреди пред да го дочека дебито за Реал, а Анчелоти почувствува потреба младиот Турчин да им се обрати на фановите на Реал.

– Направив многу нешта денеска. Пушев пура, играв со Камавинга, а сега сакам една работа. Ви го претставувам детето кое е многу интересно. Арда, дојди тука. Тој е навистина срамежлив, дојди тука дете….., – порача Карло, по што Арда се обрати пред фановите.

– Здраво мадридисти. Ние тука сме како големо семејство, ви благодарам за се, – порача кратко младиот Арда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни