Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти го потврди првиот голман и двата клучни фактори за утрешното финале на „Вембли“

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд утре ќе се борат за европска титула на „Вембли“, а Карло Анчелоти денеска ја одработи и последната прес-конференција како најава за големото финале.

Тренерот на новиот шпански шампион зборувал за очекувањата од утрешната средба и ситуацијата во редовите на Реал, потенцирајќи дека Тибо Куртоа дефинитивно ќе биде стартер во неговиот тим.

– Знаете деиа Лунин имаше грип и решивме да допатува дури утре.

– Сепак тој ќе дојде во Лондон и ќе седи на клупата, наш прв голман ќе биде Куртоа, – рекол Анчелоти.

Италијанскиот стручњак открил и што ќе им порача на своите фудбалери утре пред средбата.

– Приоритет е да им се пренесат јасни идеи на фудбалерите. Треба да се биде директен, бидејќи на тој начин се избегнува непотребна нервоза, така што ќе се фокусирам на тактиката. Квалитетот и колективното жртвување се најважни и тие ќе бидат клучот за победникот во утрешното финале, – рекол Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни