Поврзете се со нас

Англија

Анчелоти го потврди бомбастичниот трансфер: Зборував со него, сака нов предизвик

Објавено

на

Стратегот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти го потврди трансферот на бразилскиот репрезентативец, Каземиро во редовите на Манчестер Јунајтед.

Искусниот тренер на „кралевите“ истакна дека Каземиро дека нема да биде во составот за утрешниот натпревар против Селта Виго, но притоа посочи дека се уште не е постигнат конечен договор меѓу двете страни.

– Зборував со Каземиро. Сака да проба нов предизвик, а ние мора да ја почитуваме неговата желба. Ништо не е официјално, но негова желба е да замине.

– Нема да игра утре. Во тек се преговори, ништо не е официјално, но јасна ни е неговата намера, -изјави Карло Анчелоти за „Ел Чирингито“ практично потврдувајќи го неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.

„Ѓаволите“ притискаат да го обезбедат потписот на играчот и да го вметнат во тимот кој во понеделник ќе се соочи со Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни