Поврзете се со нас

Свет

Анчелоти го посочи играчот кој му ја променил идејата за фудбалот: Со него го променив системот

Објавено

на

Карло Анчелоти оствари безброј успеси во фудбалските великани кои ги водеше во својата кариера, па наспроти сите престижни епизоди кои ги остави зад себе, сега се одлучи за едно доста понеобично искуство во кое ќе се обиде да го вивне Евертон во самата елита на англискиот фудбал.

Популарниот Дон Карло е свесен дека задачата нема да биде лесна и дека работата ќе биде доста покомплексна од обично, но покрај тоа што говореше за своите први месеци во Ливерпул, Анчелоти во интервјуто за „Скај Спортс“ го посочи и играчот кој го натерал да ја промени својата фудбалска филозофија.

Станува збор за легендарниот Зинедин Зидан кој сега е негов колега и на кого му беше ментор во Реал Мадрид, а кого претходно го тренираше во Јувентус во далечната 1999-та година.

– Со Зидан, ја променив својата идеја за фудбалот и мојот систем. Зидан е првиот играч кој ми овозможи да го променам системот и да почнам да играм на друг начин. Кога го имав Зидан во првата година во Јувентус, играв со систем 3-4-1-2, со тоа што Дел Пјеро и Инѕаги беа во нападот, а Зидан зад нив.

– Втората година, играв со четири играчи во средината и двајца напаѓачи, но Зидан имаше улога на „10-ка“. Зидан ја променија мојата идеја за фудбалот. Бев толку фокусиран на 4-4-2, но после Зидан, го променив тоа, сакав да го ставам во најдобра позиција и сакав да се чувствува најпријатно на теренот, – открива Карло.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни