Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти го погоди џокерот, Реал со гол во 93. минута обезбеди полуфинале во Копа Дел Реј (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Екипата на Реал Мадрид и ослабена успеа да го совлада Леганес со 3-2 и да обезбеди пласман во полуфиналето на Купот на Шпанија.

„Кралевите“ настапија на „Бутарке“ без голем број на првотимци, важни играчи, но оние кои беа на располагање на крајот го донесоа посакуваниот резултат без разлика на тоа што победата беа обезбедена дури во 93 минута. Модриќ и Ендрик реализираа за сигурно водство на фаворитот, но Круз со два гола до 59 минута израмни на 2-2, резултат кој беше активен се до судиското продолжение.

Во истото резервистот Гонзало Гарсија се најде на вистинското место и со удар со глава донесе триумф и место меѓу четирите најдобри во ова нтпреварување. Инаку Гарсија е играч кој растура за вториот тим на Реал во третата лига.

Место во полуфиналето вчера обезбеди Атлетико Мадрид, а останатите два патници ќе бидат познати по утрешните натпревари.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни