Лига на шампиони
Анчелоти го откри својот план за игра на „Итихад“

Карло Анчелоти успеа да добие нова тактичка битка против Пеп Гвардиола и гледаше како неговиот тим постигнува два гола во самиот финиш на мечот, пресврт кој му овозможува на европскиот првак да има доста подобра позиција во пресрет на реваншот.
„Кралевите“ знаеја како да ги казнат лошите реакции во потесната одбрана на Сити и Дијаз и Белингам се погрижија за победа од 2:3, но генерален заклучок беше дека Реал нависитна беше подобар тим во текот на сите 90 минути, па така заслужено стигна до посакуваната цел.
Од сите натпревари против Сити во изминатите години, тимот на Анчелоти вчера изгледаше најразиграно на „Итихад“, па Италијанецот даде кратко објаснување за тоа каков бил неговиот план за игра на „Итихад“.
– Планот беше да ги притискаме во нивната половина само на почетокот, додека топката е кај Едерсон, а потоа да бидеме силен блок во средина, да бидеме компактни во средниот ред, без да лудуваме непотребно.
– Офанзивните фудбалери имаа за задача да играат повнатрешно, а така нашите играчи за врска делуваа поповлечено на теренот. Кога ја имавме топката во нозе, барав да имаме ширина во играта и да освојуваме простор, не сакав да се фрустрираме со непотребни долги топки, – изјави Анчелоти.
– Задоволен сум како изигравме, но ова е само прв дел од оваа елиминациска фаза. Стекнавме мала предност, но мора да одиграме исто и на реваншот. Сите играчи работеа на теренот и задоволен сум од тоа што го видов. Не се откажавме кога имавме негатива и се на се, ова беше комплетен натпревар од наша страна, – изјави Карло.
-
Репрезентација22 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства22 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
Светски првенства10 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
АТП13 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства12 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!