Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти го откри клучот во својот тим: Во Реал има недостаток на его!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти дојде со навистина специфична мисија во 2021-ва година кога го наследи Зинедин Зидан и многумина се сомневаа дека искусниот Италијанец ќе има втора успешна етапа во шпанската престолнина, особено поради фактот што претходно влезе во надолен ритам и имаше просечни резултати со Евертон.

Сепак, Карло уште еднаш ги демантираше сите црни претпоставки и покажа дека неговата методологија и работа се уште е добра за врвен тим, а во најавата за натпреварот со РБ Лајпциг се обиде да објасни како успеал да направи извонреден микс од младоста и староста.

Актуелниот тим на Реал е составен од неколку важни ветерани како Лука Модриќ, Тони Крос, Дани Карвахал, Начо и Ридигер, но и од голем број млади ѕвезди како Белингам, Винисиус, Родриго, Брахим, Валверде, Камавинга, Чуамени кои уживаат да се покажат на највисоко ниво.

– Како се справувам со транзицијата во Реал Мадрид. Тоа за мене е природен процес, не вршиме притисок, само оставаме сами да си течат работите.

– Имаше легенди на клубот кои решија да си одат, а има и такви кои останаа и се уште играат. Недостатокот на его кај ветераните им дозовли на младите да се адаптираат во тимот и да го влечат тимот во посакуван правец, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни