Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти го најави составот за дуелот со Наполи, прв повик доби и син на клупска легенда

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти денеска најави, а со објавениот состав и потврди дека на утрешниот дуел со Наполи ќе смета на повеќе млади фудбалери од вториот тим на Реал Мадрид.

Шпанскиот великан е домаќин на оваа средба, а Анчелоти првпат во првиот тим го повика и Тео, еден од синовите на легендарниот Зинедин Зидан.

21-годишниот играч за врска е вметнат меѓу повиканите фудбалери, а тука се и Марио Мартин, Гонзало и Лука Паз.

– Ова е шанса за дел од членовите на нашата младинска академија. Марио Мартин ќе биде во тимот, веројатно и Тео Зидан. Имам голема доверба во нив и Раул врши одлична работа.

–  Минути ќе добијат и Брахим Диаз, Лукас Васкез и Фран Гарсија, тие се приоритет, – рекол Анчелоти.

На две кола до крајот, Реал е прв во групата и има пет бода повеќе од Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни