Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти го најави дербито со Севилја: Вистинската легенда на Реал утре се враќа на „Бернабеу“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти го подготвува својот Реал Мадрид за дерби пресметката со Севилја која утре се игра на „Сантијаго Бернбаеу“, натпревар кој ќе биде посебно специјален за еден играч во ривалскиот тим.

Серхио Рамос одбележа една ера во „кралскиот клуб“ и ужива статус на виситнска легенда во Реал, па за утре е закажан пријателски пречек од фановите пред самиот старт на дербито.

Тренерот на Реал најави дека Рамос ќе биде пречекан онака како што заслужува, бидејќи тој со години наназад буквално гинеше за белиот дрес на Реал и беше капитен за пример.

– Утре ни се враќа Рамос на „Бернабеу“ и сигурен сум дека фановите ќе го пречекаат со многу љубов. Тој заслужува таков пречек бидејќи е легенда на Реал Мадрид.

– Тој беше фантастичен капитен, беше примерр за сите, со неверојатен карактер и личност. Ова го велам знаејќи дека во текот на кариерата имав капитени и како Малдини и Тери, такви играчи помагаат атмосферата во тимот да биде на највисоко ниво, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни