Шпанија
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..

Карло Анчелоти одново се најде на мета на критичарите по вториот болен пораз кој го претрпе Реал Мадрид од Барселона, кој исто како пред неполни три месеци беше изразен со неколку голови разлика.
Реал прими вкупно девет голови на две средби со избраниците на Ханси Флик и медиумите почнаа да заклучуваат дека Италијанецот нема против-одговор за тактиките на Германецот, а цела фама која се крена околу Суперкуп финалето направи Дон Карло да се прикаже во далек посериозно издание на денешниот прес.
„Кралевите“ немаат многу време за одмор и веќе утре ќе играат осминафинале против Селта Виго во Копа дел Реј, а пред натпреварот, Анчелоти им порача на новинарите дека искуството направило да знае како да се справи и однесува во вакви ситуации.
– Не го следам бранот на критики кои е зачестена појава на ова ниво. Еден ден си најдобар во светот, а другиот ден си најглупавиот во светот.
– Ја имам потребната рамнотежа која ја изградив благодарение на искуството, добро знам кој сум и не дозволувам да влијаат врз мене вакви бранови на критики. Во фудбалот тенка е границата меѓу најуспешен и најлош, но јас добро знам кој сум. Сметам дека не сум најдобриот во светот, но сигурно не сум ни најглупавиот, – изјави Анчелоти.
-
НБА8 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Англија9 часа
Венгер посебно изненаден од еден неочекуван јануарски трансфер во Премиер лигата
-
Англија10 часа
Последното дерби на „Гудисон“ заврши со хаос на теренот, црвен картон заработи и Арне Слот (Видео)
-
Англија8 часа
Ван Дајк откри што му порачал на Оливер по последниот судиски свиреж
-
Англија23 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа
-
НБА6 часа
Маестро Дончиќ режира кошаркарски магии и во лоша НБА вечер (Видео)
-
Лига на шампиони5 часа
Капело му постави непријатно прашање на Консеисао, тренерот на Милан ја објасни својата неочекувана одлука
-
Лига на шампиони9 часа
Бесниот Консеисао одговори на само едно прашање и го напушти пресот (Видео)