Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти го коментираше Мбапе по поразот од Ливерпул: Треба да употреби една позната фудбалска медицина

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Реал Мадрид по трет пат загуби во Лигата на шампионите оваа сезона и сега е на 24-то место на табелата, позиција која е последна што носи место во баражот за пласман во осминафинале.

„Кралскиот клуб“ не бил во ваква лоша позиција во најелитното натпреварување со години наназад, но Карло Анчелоти не очајува премногу и верува дека тимот е на вистински пат и покрајт неуспехот во Англија (2:0).

Поразот од Ливерпул беше целосно заслужен и тоа го призна Италијанецот во својата анализа, во која несомнено не можеше да испушти и коментар за Килијан Мбапе кој промаши пенал на „Енфилд Роуд“.

– Натпреварот беше тежок за нас и знаевме дека ќе биде. „Енфилд“ е најтешко место за доаѓање во Европа во овој момент. Се наоѓаат во добра форма, имаат добра динамика, но ние бевме во игра се до промашениот пенал. После тоа, нивото ни падна и заслужено загубивме.

– Се браневме добро, бевме добри како тим и можевме да искористиме повеќе простор преку контри. Ми се допадна мојот тим, се натпреварувавме добро против најдобриот тим во Европа во овој момент. Знаеме дека треба да бидеме меѓу 24-те екипи за да имаме шанса за пласман во следната фаза, но сигурен сум дека ќе се квалификуваме. На добар пат сме, тимот почна да се натпреварува и треба да продолжиме исто. Видов пожртвувани играчи на теренот, ќе биде многу подобро кога ќе ни се вратат повредените играчи,  – изјави Анчелоти, кој потоа се осврна на Мбапе.

– Многупати сум гледал како напаѓачите се мачат да постигнуваат голови. Има една добро позната медицина во фудбалот и таа треба да ја употреби и Мбапе. Таа медицина се вика „трпение“. Ова е комплициран момент за него, но мора да биде трпелив, неговото време ќе дојде. Ние ќе бидеме тука за него и ја има целата наша поддршка, – додава Дон Карло.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни