Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти го искоментира неверојатниот успех на Зидан и заклучи: Реал има мала предност во ЛШ!

Објавено

на

Фудбалската јавност очекува Реал Мадрид да има лесна задача против Шериф Тираспол, но Карло Анчелоти ги предупреди своите ѕвезди дека вакви натпревари знаат да бидат како нож со две сечила доколку не се влезе со максимален респект и професионален пристап.

Карло е тренер со огромно искуство и во својата прва етапа во Реал успеа да ја освои Лигата на шампионите, натпреварување кое остана омилено за „кралевите“ и со Зинедин Зидан како предводник на клубот од шпанската престолнина.

Анчелоти ќе остане запаметен како тренерот кој на клубот му ја донесе толку посакуваната и очекувана „Ла Десима“, но тоа што го направи неговиот наследник после Италијанецот, беше уште поголема историја. Зизу успеа да ја освои титулата во најелитното натпреварување трипати по ред, нешто што сега го коментираше и Дон Карло пред мечот со Шериф.

– Никогаш не сум сакал да правам споредби и тешко е да се правам споредби. Играчите се менуваат, тимот е сменет од мојата прва етапа и не сакам да се споредувам со тимот кој го имаше Зидан. Зизу ги правеше работите најдобро што можеше. Би дал се за да освојам три титули како него во Лигата на шампионите, тоа беше неверојатно. Но јас ќе се задоволам и ако освојам уште една плус, – изјави Анчелоти и додаде.

– Реал има посебна врска со Лигата на шампионите. За сите нас, претставува посебна одговорност и чест да се претставува овој клуб во Лигата на шампионите. Тоа натпреварување е најкомплицирано и носи најголема одговорност. Но, Реал има добро разработен костур и навика за освојување на ова натпреварување и токму поради тоа имаме мала предност во однос на останатите, – додаде Италијанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни