Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти ги промени бековите, Артета го извади најдобриот тим со кој располага (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти ја направи достапна својата стартна постава за „Емирејтс“ уште два часа пред одигрување на мечот, но Микел Артета беше потпретпазлив и до последен момент размислуваше кои играчи да се најдат во почетните 11.

На еден час пред одигрувањето на европското дерби во четвртфиналето во Лигата на шампиони, пристигна информација и за официјалниот тим на Арсенал, па стана јасно дека Артета излегува на теренот со најдоброто што располага во овој момент со оглед на лошиот здравствен билтен.

Менаџерот на Арсенал како домаќин нема ниту едно големо изненадување во стартиот тим, па како што се очекуваше, местото на повредениот Габриел во стартниот тим го зазема Кивиор. Добра вест е и враќањето на Тимбер кој ќе игра како десен бек, додека Мартинели доби предност како напаѓач по левата страна пред Тросар.

Место во почетната постава има и за повратникот Букајо Сака, па тоа дефинитивно е најголемо засилување за Артета за двомечот со „кралевите“.

Во противничкиот табор, Карло Анчелоти реши да направи измени на бековските позиции, бидејќи Давид Алаба ќе делува како лев бек, додека десен бек ќе биде Феде Валверде. Уругваецот повторно е вратен во дефанзивата и доби предност пред Лукас Васкез кој беше доста лош против Валенсија, па така неговото место во средниот ред го зазема Лука Модриќ.

Хрватот ќе делува во средниот ред со Камавинга, а формацијата на Анчелоти за овој прв меч во четвртфиналето е 4-4-2.

Стартни постави:

Арсенал: Раја, Тимбер, Салиба, Кивиор, Луис-Скели, Рајс, Парти, Одегард, Сака, Мартинели и Мерино

Реал Мадрид: Куртоа, Валверде, Асенсио, Ридигер, Алаба, Модриќ, Камавинга, Белингам, Родриго, Винисиус и Мбапе

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни