Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти ги поздрави „експертите“ кои редовно му даваат совети: Заборавате една работа……

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти уште еднаш успеа да надмине една мини-криза во Реал Мадрид, бидејќи по поразите од Барселона и Милан во период од неколку дена, се доведе во прашање и работата на искусниот шпански стручњак.

Добар дел од шпанските медиуми почна да се мешаат во неговата работа и да му даваат совети за тоа на која позиција треба да ги игра големите ѕвезди, но и да му даваат сугестии за системот во кој најдобро ќе функционираат Винисиус и Мбапе.

Ваквите натписи очигледно не останале незабележани од Дон Карло, кој сега во најавата за европското дерби со Ливерпул ги „поздрави“ новинарите и „експертите“ со интересна порака.

– Слушам совети од многу страни кои се наменети за мене, но мислам дека не треба да заборавите една работа. Јас одработив 1300 натпревари како тренер, тоа значи дека имам поставено 1300 стартни постави и направено 4000 замени во изминатите децении.

– Мислам дека никој од тука не може да ми дава совети за тоа што треба да правам, сметам дека сум доволно искусен за да се справам сам. Тимот заигра многу подобро на последните два меча и се надеваме дека тоа ќе го повториме и против Ливерпул. Главната разлика е што бевме покомпактни и посплотени, бевме солидни како тим. Се надевам дека ќе го видам тоа и утре во Ливерпул, – изјави Анчелоти.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни