Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти ги наброја трите квалитети кои го прават Реал сериозен кандидат за титулата во ЛШ

Објавено

на

Со исклучок на шокантниот пораз од Шериф Тираспол на домашен терен, Реал Мадрид издоминира во групата Д и се пласираше како првопласиран во осминафиналето во Лигата на шампионите, натпреварување за кое искусниот Дон Карло смета дека не е доволен само квалитетот за да стигнете до највисокото скалило.

Италијанецот повеќе од 40 години е во фудбалот и добро е запознаен со традицијата на Лигата на шампионите и како играч и како тренер, па по победата од 2:0 која ја оствари Реал над Интер, се обиде да објасни зошто „кралевите“ не смеат да се отпишат од трката за титулата, иако многумина не ги вбројуваат меѓу главните фаворити.

Во отсутво на Бензема, Реал покажа дека знае да победува и на највисока сцена без својот најдобар играч во нападот и триумфот од 2:0 над Интер е потврда за карактерот кој го има тимот на Анчелоти, кој инаку е убедливо прв во шпанската Примера и важи за апсолутен фаворит за трофејот во домашното првенство.

– Реал секогаш поседува квалитет за да ја освои Ла Лига и секако дека имаме квалитет за да се бориме и натпреваруваме во Лигата на шампионите.

– Долго време сум во фудбалот и квалитетот не е секогаш пресуден, во Лигата на шампионите треба да се натпреварувате, победува оној кој знае да се натпреварува. Има тимови кои се поинтензивни од нас, има тимови кои може имаат подобар квалитет од нас во Европа, но ние имаме нешто друго. Имаме големо знаење, огромно искуство и голема посветеност, – потенцира Дон Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни