Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Анчелоти ги наброја петте главни фаворити за титулата во ЛШ и изненади со еден избор

Објавено

на

По победата остварена над Интер во завршното коло од групната фаза, Карло Анчелоти ги наброја трите квалитети кои го прават Реал Мадрид сериозен кандидат за титулата во Лигата на шампионите, трофеј кој тој смета дека е достижен уште за најмалку четири тима.

Тренерот на Реал говореше на доста интересни теми во божиќното интервју за угледниот мадридски весник „АС“, но направи и интересен избор со еден тим кој никој не го споменува во потесен круг за потенцијални освојувачи.

Анчелоти го водеше Реал до популарната „Ла Десима“ во најелитното натпреварување со драматична победа над Атлетико Мадрид во големото финале, тим кој во овој момент се мачи во Примера, но кој според Карло може да прави големи проблеми во нокаут натпреварување.

– Јас можам да ветам дека Реал Мадрид ќе се бори до самиот крај. Нема јасен и изразит фаворит за титулата во Лигата на шампионите, тоа никогаш нема да биде случај. Баерн, Ливерпул и ПСЖ се фаворити, но исто така фаворит е и Реал Мадрид.

– За мене кандидат е и Атлетико Мадрид. Да, Атлетико може да направи нешто навистина големо на вакви тешки натпревари во нокаут рунди. Верувам дека сите шпански тимови ќе одат далеку во европските натперварувања, не само во Лигата на шампионите, – потенцира Карло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни