Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти: Ги имам почетните 11 за финалето во Париз, имам само една дилема

Објавено

на

Реал Мадрид веќе неколку кола е нов шпански шампион, но утре и официјално ќе ја заокружи сезоната во Ла Лига со натпреварот од последното коло против Бетис.

Завршната рунда ни носи пресметка меѓу двата тима кои ги освоија националните титули оваа сезона (Реал – Ла Лига, Бетис – Копа дел Реј), но Карло Анчелоти воглавно одговараше на прашања поврзани за Килијан Мбапе и финалето во Лигата на шампионите.

Искусниот Италијанец избегна да даде било каква новост за наводното пристигнување на Мбапе, но затоа нагласи дека нема никакви дилеми кога е во прашање стартната постава за 28-ми мај.

Карло знае со кој 11 играчи ќе истрча на теренот против Ливерпул во Париз, додавајќи дека во него се буди само еден сомнеж кога е текот на натпреварот во прашање.

– Немам сомнеж со кои 11 играчи ќе почнам во Париз. Единствена дилема ми е тоа кои играчи ќе бидат најважни на натпреварот. Дали оние кои ќе почнат, или оние кои ќе го завршат натпреварот. Не мислиме на Мбапе, мислиме на 14-та титула во Лигата на шампионите која е посакувана од сите навивачи на Реал, – изјави Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни